Облачен и дождлив вторник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес во Македонија ќе имаме  претежно облачно со повремен дожд и посвежо, особено на југозападот каде што ќе има пообилни врнежи од дожд проследени со повремени грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој на западот краткотрајно ќе засилува.

тринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната температура од 15 до 25 степени. УВ индексот ќе биде 5.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд и посвежо. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој на западот краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе достигне до 14, а дневната температура до 24 степени.

Во среда и четврток ќе се задржи стабилно и суво, а температурите брзо ќе се покачат. Кон крајот на неделава во попладневните часови повторно ќе има појава на локални врнежи и грмежи.