Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последниот ден од месец март во Македонија носи облачно време. Уште од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови.
Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 Целзиусови степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој попладне ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 19 степени. Маврово 10, Охрид 15, Битола 18, Крива Паланка 17, Берово 14, Кавадарци и Дојран 20.
Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Утре на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час). Особено нестабилно ќе биде во петок кога ќе има појава на локално невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Од недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, во недела на повисоките планини на запад од снег.