Home Актуелно Облачен и дождлив понеделник

Облачен и дождлив понеделник

Првиот понеделник во месец ноември носи облачно време со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни (локално над 20л/м2).

Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 17 Целзиусови степени, Маврово 11, Охрид 15, Битола и Крива Паланка 16, Берово 15, Кавадарци 19, Дојран 18.

Од утре повторно ќе имаме сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а дневните температури ќе бидат во Скопје 21, Маврово 15, Охрид и Крива Паланка 19, Битола 20, Кавадарци 22, Берово 18, Дојран 23.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…