Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денеска, 9. декември, четврток, времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, особено на истокот. Од попладневните часови на запад ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во ноќта и ќе се прошират насекаде.
На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 9 Целзиусови степени, Маврово 2, Битола и Охрид 7, Крива Паланка 5, Берово 4, Кавадарци 10, Дојран 11 степени.
Утре ќе имаме променливо облачно со локални врнежи од дожд, претежно во крајните планински региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 4 до 14 степени.