Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хрватската блогерка Матеја многумина ја знаат по нејзиниот блог Wibbly Wobbly Lifestyle.
Таа на својот Фејсбук профил објави фотографија на која е сликана само во градник, а во описот на сликата проговори за многу важна тема.
„Дали сум површна? Да, штотуку ставив своја слика Фејсбук на која позирам во градник. Зошто? Па, доста очигледно е дека на оваа фотографија. Завои и шевови на девојка од 24 години. Прва помисла – пластична операција. Но, зошто само на едната?
Имав 18 години, здрава како дрен, ништо не ми фалеше во животот. И така, една вечер одлучив да си направам самопреглед на градите. И ете, напипав израсток.
Се сеќавам како да беше вчера, одма ми дојдоа солзи на очите, бидејќи првата помисла ми беше дека имам рак, на сите истото им паѓа на памет. Плачев добар половина час, ако не и повеќе, па малку си дојдов на себе и секако, веднаш ја известив мајка ми за тоа што го напипав. Секако, и неа ја обли ладна пот, но се трудеше да не го покаже тоа. Ми рече дека и таа имала израсток кој не бил опасен, дека сè било во ред и дека ќе одиме на лекар и на ултразвук за да видиме за што станува збор. Така и направивме – испадна дека тоа е мал и безопасен израсток.
На сите ни падна камен од срцето, а лекарот рече дека на секои 10-12 месеци треба да одам на контрола, за да се проверува дали е пораснат или намален израстокот, како и да се следи ситуацијата. И така, секоја година на преглед и секоја година нов израсток. Шест години подоцна, јас имам седум израстоци. Зошто?
Не се знае зошто, едноставно сум подложна“, ги предупредува сите млади жени Матеја, која се оперираше бидејќи еден од фиброаденомите за нешто повеќе од половина година пораснал на 2,2 см и не наѕирал под кожата.
„Мене ми е стварно смешно, но не се плашев од операцијата, ниту стравував дека ќе се искомплицира нешто. Она што ме мачеше е лузната.
И така, се чувствувам глупаво секогаш кога ќе го изговорам или напишам тоа. Здравјето ми е во прашање, а јас се грижам за лузната. Плачам поради лузна, додека постојат луѓе на кои здравјето им е сериозно загрозено. Се срамев и уште се срамам од самата себе што токму лузната ми е најголем проблем во животот.
Од една страна се разбирам себеси, сепак, млада сум, уште не во целост изградена личност која се бара себеси, поточно, на себе си ги гледам само маните. Верувам дека тоа не поминува дури ни со годините, едноставно, на сите ни е важен изгледот. Но, здравјето е најважно“, напиша Матеја.