Вебкафе

Објави фотка со набилдан фраер, а некои пријателите ја провоцираа заради ОВА


Џена Кучер од Висконсин непријатно се изненадила кога, после објавувањето на фотографија со нејзиниот сопруг на Инстаграм, добила низа негативни коментари.

Нејзиниот сопруг Дру е спортист и има одлично извајано тело, а таа има малку вишок побујни облини, па нејзините пријатели почнаа да коментираат зајадливо како успеала да улови толку згоден маж, а некои дури пишуваа дека не го заслужува.

Џена не дозволи да падне на такви фори, па им одговори на долго и на широко на таквите провокации.

A post shared by JENNA KUTCHER (@jennakutcher) on

„Поради сопствената несигурност, и самата се прашував како успеав со ова мое тело да фатам фраер со перфектни стомачни мускули. Зошто токму јас би го добила? Се чувствува помалку вредна и мислев дека не го заслужувам“, напиша таа.

Но тоа се сменило токму поради тоа што нејзиниот совршен маж не мислел дека таа не го заслужува.

„Овој маж ги прифати секоја облина, вдлабнатина, секој вишок килограм и стрија во последните десет години и постојано ме потсетува дека сум убава дури и кога не се чувствувам така. Дури и кога не се туширам по неколку дена. И да, моите бедра се тријат едно со друго, моите раце се големи, мојот задник не е рамен и стегнат, но тоа само значи дека има многу повеќе од мене за сакање. Тоа значи дека сум избрала маж кој може да се носи со тоа, а и со многу повеќе од тоа“, заклучува таа.

A post shared by JENNA KUTCHER (@jennakutcher) on

„Молам? Имаш неверојатно тело и тој може да биде среќен што уловил девојка како тебе“, напиша една нејзина пријателка од „спротивниот“ табор.

„Да, тој е стварно згоден, но и ти си прекрасна“, беше друг коментар.

A post shared by JENNA KUTCHER (@jennakutcher) on

„Фала ти што не потсети дека во вистинската љубов не станува збор за изглед, туку за почит“, заклучи трета пријателка.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top