Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг!
↓↓↓
Многумина од нас веќе се навикнаа на бројните „реалноста наспроти Инстаграм“ фотографии. Главно ги прават блогерите со цел да покажат дека и тие се далеку од совршени и дека и тие ги имаат истите проблеми со подуеност на стомакот, како и останатите луѓе.
Но, бикини моделот Ана Родс одлучи да направи нешто малку поразлично. Таа едноставно сподели две фотографии кои прикажуваат како изгледала за време на еден натпревар на кој учествувала.
На двете фотографии изгледа речиси идентично и нејзиното тело е во речиси совршена форма, но меѓу нив постои една голема разлика.
„Некој неодамна ми рече дека сака да изгледа витко како јас на моите фотографи. И да бидам искрена, не ми беше драго поради тоа, бидејќи почувствував вина. Овие фотографии се прават со помош на професионално осветлување, вештачки тен, еден куп шминка, а тука се и идеалните пози за телото да изгледа совршено“, открива таа.
Ана додава дека професионалните фотки не го прикажуваат вистинскиот изглед на моделот, како ни реалноста на животот со толку низок процент на масти во организмот.
„Бев тешка 45 килограми и целосно откачив кога се здебелив половина килограм. Денес имам 58 килограми. Се сеќавам кога тренерот ми рече дека нозете не ми се доволно витки, поради што станав опседната помислата дека имам дебели нозе. Тоа во основа беше пореметување маскирано во фитнес и не се плашам да го кажам тоа“, вели Родс.