Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Откако бившата прва дама на САД, Мишел Обама, излезе со јавна поддршка за демократскиот претседателски кандидат, Џозеф Бајден, на социјалните мрежи беше објавено видео кое, според многумина, ја компромитира и дискредитира Мишел.
Ова е видео направено во 2013 година во Белата куќа на симпозиум за студенти од филмска уметност организиран од еден од најмоќните луѓе во филмската индустрија во тоа време – Харви Вајнстин, кој беше осуден во март на 23 години затвор за силување и сексуален напад.
На тој настан Мишел Обама имала само зборови со пофалби за Вајнштајн, нарекувајќи го нејзин пријател.
„Тој е прекрасно човечко суштество, добар пријател и едноставно сила“, рече тогаш Мишел Обама.
Beautiful endorsement tonight. She’s a great judge of character, so please be kind. No trolling. Oh, wait… pic.twitter.com/YR7OGs5cQy
— James Woods (@RealJamesWoods) August 18, 2020
Видеото беше споделено, меѓу другите, по конвенцијата на Демократската партија, од актерот Џејмс Вудс, кој има 2,5 милиони следбеници.
„Прекрасна поддршка вечерва. Таа ги оценува ликовите многу добро. Нема тролање. Не, почекајте …”, напиша Вудс со видеото.
Вајнстин, како што нè потсетува „Дејли мејл“, со години беше донатор на Демократската партија. Како што се наведува, преку него, и на нивната ќерка Малија и обезбедиле стажирање во филмска компанија во 2017 година.