Home Шоубизнис Објавени слики од принцот Ендрју фотографиран во злогласната палата од педофилот Епстајн

Објавени слики од принцот Ендрју фотографиран во злогласната палата од педофилот Епстајн

Бакингемската палата повторно ја тресе скандал откако на интернет е објавено видео на кое се гледа како наводно војводата од Јорк, принцот Ендрју испраќа млада жена од замокот на богаташот-педофил Џефри Епстајн во Њујорк. Од кралската палата се обидуваат да ја смират ситуацијата.

На краткото, матно видео објавено од Дејли мејл се гледа маж, кој таблоидниот весник го идентификува како принцот Ендрју, вториот син на кралицата Елизабета, како се збогува со млада, темнокоса жена, на влезот од њујоршкиот дворец на Епстајн – озлогласеното сексуално легло каде што богаташот намамувал млади девојки.

Откако се поздравува со бринетата, принцот ѝ кимнува со глава, а потоа фрла поглед наоколу како да сака да се увери дека нема папараци на повидок.

Неколку моменти пред принцот Ендрју да се појави на вратата, може да се види како самиот Епстајн ја напушта куќата придружуван од русокоса девојка.

Видеото датира од декември 2010 година, две години откако Епстајн беше осуден за најмување малолетничка за проституција и беше осуден на 18 месеци затвор.

Но Бакингемската палата тврди дека принцот не бил свесен за никакви злодела во замокот и дека тој „бил згрозен од неодамнешните информации за наводните злосторства на Џефри Епстајн“.

„Неговото кралско височество ја осудува експлоатацијата на секое човечко суштество и сугестијата дека тој би преминал преку такво однесување, би учествувал во него или би го охрабрувал е одвратна.“

Сепак, судските документи тврдат дека принцот Ендрју несоодветно допирал една жена во Епстајновиот стан на Менхетн и присилил друга жена да има секс со него на еден приватен остров на Карибите, во сопственост на сега покојниот милијардер.

Посрамениот милијардер беше најден мртов во неговата затворска ќелија во неделата, 11 август, а форензичарите рекоа дека станува збор за самоубиство. Во тек се неколку истраги, но околностите веднаш предизвикаа шпекулации во врска со новообјавените судски документи што содржат инкриминирачки информации за моќни играчи во неговата непосредна околина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …