Објавени сите плати во Серија А: Јувентус и Роналдо без конкуренција!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По традиција еминентната „Газета дело Спорт“ на почетокот на секоја сезона ги објавува сите плати на играчите од Серија А.

Како и во претходните години, платниот список на Јувентус доминира во Италија. Само двајца фудбалери кај „старата дама“ заработуваат помалку од 1 милион годишно, а тоа се третиот голман Пинсоло и младиот напаѓач Кен. Во клубови како Киево, Емполи, Фросиноне ниту еден играч нема плата повисока од 1 милион евра.

Апсолутен рекордер е Кристиано Роналдо кој во Торино заработува неверојатни 31 милион евра годишно! Португалецот сама заработува скоро колку целата прва постава на Интер чија плата изнесува 35 милиони евра или платата на стартните 11 на Милан која изнесува 38 милиони евра.

После Роналдо следува Игуаин од Милан со годишна плата од 9,5 милиони евра, па Дибала и Пјаниќ во 7 милиони, Донарума (6), Даглас Коста (5,5), Бонучи (5.5) и Емре Чан (5).

Јувенттус годишно за плати троши 109 милиони евра, нето, но ако се додадат даноците таа сума изнесува 219 милиони евра. Потоа следи Милан со буџет од 140 милиони евра за плати, па Интер 116 милиони. Рома е четврта и годишно за плати на играчите троши точно 100 милиони евра.

Вкупно италијанските клубови за плати издвојуваат годишно 1.129.000.000 евра.