Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оценувачката комисија на 54-от македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, во состав на Бедиа Беговска – претседател и членовите Љиљана Богоевиќ и Маја Вељковиќ-Пановкса ги доделува следните награди:
Награда за рекламен материјал се доделува на Нгадњим Мехмети за рекламниот материјал од претставата „Смртта на Дантон“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје.
Награда за кореографија и сценски движења се доделува на Ѓерѓ Превази за кореографија и сценски движења во претставата „Смртта на Дантон“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје.
Награда за музика се доделува на Димитар Андоновски за музиката во претставата „Пиреј“ на театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и музиката во претставата „На отворено“ на НУ Театар Комедија – Скопје.
Награда за костимографија се доделува на Розе Трајчевска Ристевска за костимите во претставата „Макбет“ на НУ Македонски народен театар – Скопје.
Награда за сценографија се доделува на Константин Трпеновски за сценографијата во претставата „Макбет“ на НУ Македонски народен театар – Скопје.
Награда за современа сценска драматизација се доделува на Љупчо Ѓоргиевски за драматизација и адаптација на „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел во изведба на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица.
Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ се доделува на Тони Денковски за улогата на Горниот во претставата „На отворено“ во изведба на НУ Театар Комедија – Скопје.
Награда за млада актерка се доделува на Симона Димковска за ликовите во претставата „Физика на тагата“ во изведба на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Театар Куманово.
Награда за женска епизодна улога се доделува на Биљана Драгичевиќ – Пројковска за улогата Карлота во претставата „Странци“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје.
Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ се доделува на Гзим Жерка за улогата Сен-Жист во претставата „Смртта на Дантон“ во изведба на Ну Албански театар – Скопје.
Награда за главна женска улога се доделува на Марија Спиркоска – Илијески за улогата на Велика Мегленоска во претставата „Пиреј“ во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“ – Пирлеп.
Награда за главна машка улога се доделува на Александар Степанулески за улогата на Јон Мегленоски во претставата „Пиреј“ во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“ – Пирлеп.
Награда за режија се доделува на Игор Вук Торбица за претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ во изведба на НУ Народен театар – Битола.
Награта за уметничко остварување на претстава во целина се доделува на претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ во режија на Игор Вук Торбица, а во изведба на НУ Народен театар – Битола.