Објавени две нови „бомби“ од прислушуваните материјали


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На само два дена пред почетокот на изборниот молк, македонската политичка и граѓанска јавност ја тресат новообјавени „бомби“ од нелегално прислушуваните разговори кои извесен корисник потпишан како „Илија Громовникот“ ги објавува на руската социјална мрежа ВКонта́кте. Откако вчера беа објавени четири нови „бомби“, денес дополнително се објавени уште две нелегално прислушувани снимки.

Во едната се зборува за некаква координација за членовите на ВМРО-ДПМНЕ да не изглегуваат на протестите за името пред Собрание, оти таму имало присуство на лица со фантомки – снимка ТУКА.

На втората снимка се слуша Мартин Протоѓер, а наводно се зборува и за судијата Јово Вангеловски – аудио ТУКА.

Претходно беа објавени разговори меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, другиот е меѓу професор Љубомир Фрчкоски и аналитичарот Алберт Муслиу, третиот меѓу поранешниот претседател Бранко Црвенковски и негова соработничка, а на четвртот разговор веројатно се слуша гласот на поранешен директор на ЕЛЕМ.

Не е јасно во кој период се одвиваат разговорите.

Од Специјалното обвинителство гарантираат дека од кај нив дека нема протечено ниту еден материјал и најавија дека ќе проверат дали ги поседуваат истите разговори, јави телевизијата 24 вести.

Според објавените разговори, се чини дека станува збор за досега необјавени материјали. Ова не е прв случај на интернет од непознати профили и адреси да бидат пуштани прислушувани разговори во кои се функционери од опозицијата или власта.