Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Едно ипол минутно вознемирувачко видео, ги открива моментите од фаталниот инцидент што во четвртокот рано наутро се случил пред дискотеката „Привилиџ“ во граскиот парк. Видеото го објави порталот НетПрес и можете да го погледнете ТУКА.
На снимката прво се гледа метеж околу такси возило, по што маж во бела јакна, најверојатно 28 годишниот првоосомничениот А.Ѓ кој се уште е во бегство, му удира две тупаници на хрватскиот ракометар, по што тој веднаш паѓа на земја во бесзонзание.
Следува удар со нога од друг маж, а потоа и агресивно клоцање од девојка најверојатно станува збор за сега приведните 22 годишниот А.К и 19 годишната К.Л. на видеото се гледа поголема група на луѓе од кој еден се обидува да ги тргне напаѓачите и да го зшатити Денис Тот. Од како Тот не дава знаци на движење се враќа првиот напаѓач се обидува да му помогне и по неуспешниот обид заминува кон такси возилото. Тука завршува видеото за чија автентичност нема потврда, но порталите што први го пренесоа наведуваат дека се снимки од SAVE CITY.
За убиството од четврокот рано наутро се дозна дури во саботата откако Тот почина, а обдукцијата покажа насилна смрт. Сепак шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски вели дека нема никакви индиции дека некој сакал да го прикрие случајот.
Од КАРИЛ првично кажаа дека нема траги на насилство, а дали можеле да знаат дека станувало збор насилство истражува ДСЗИ. Денеска земаат изјави од дежурните медицински екипи, а извештајот треба да биде готов деновиве.
Ракометарот ќе биде погребан утре во неговото родно Ѓаково Хрватска.