ОБЈАВЕНА СНИМКА: Погледнете како Боки му зема рекет на Камчев!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави видео снимка како Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев, што е предмет и на истрага во случајот „Рекет“ на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Во првиот дел се гледаат Боки и Кичеец веројатно од камерите на домот на Камчев, додека во вториот дел се слуша како било изведено сето тоа.

Во видето, првин се гледа како се бројат евра сместени во една патна торба, а потоа како Камчев ги испраќа Боки 13 и Зоки Кичеец со торба.

Кон крајот на видеото има и аудиоснимка на која Боки 13 му потврдува на Камчев дека ќе биде ослободен во понеделник, најдоцна вторник, а Катица Јанева нема да употребува вонредни правни лекови да го одолговлекува овој случај.

Според датумот на снимката, видеото е снимено на 20 февруари годинава, а Камчев со одлука на Врховниот суд беше ослободен од куќен притвор на 4 март.

Транкрипт од аудиоснимката на крајот од видеото:

Боки 13: Во понеделник ќе ве ослободат.

Камчев: Добро.

Боки 13: Вторник најкасно веројатно. Врховен ќе ве ослободи.

Камчев: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник.

Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби.

Камчев: А Апелација?

Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикува автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го продолжува, да го одолговлекува, понеделник вторник, вие сте на слобода.