Објавена досега невидена фотографија од Тоше Проески – погодете кој ја објави


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако поминаа речиси единаесет години од смртта на веројатно најголемата поп балканска ѕвезда, а за македонска да не правиме муабет, чувствата, сеќавањата и спомените за Тоше Проески не спласнуваат и згаснуваат, особено кај неговите обожаватели, милионска армија само од Балканот, но и кај колегите од естрадата.

Нема година да помине, а да не се објави некоја нова фотографија, песна, спомен, настан поврзан со Тоше, кои ги споделуваат фановите и пејачите. Овој пат, јавноста и медиумите со таква фотка ги почеси Јелена Карлеуша, потсетувајќи се на деновите од нивната соработка (ете, признаваме, не сме ни знаеле дека соработувале).

„Се потсетив на деновите, месеците, годините што ги поминавме заедно. Ние се дружевме многу убаво. Тој и јас снимивме албуми во Грција, во Атина заедно. Тој беше мал, тој сè уште не возеше автомобил. Јас го возев до студиото и назад, го возев на плажа и назад. Тој беше малолетен, а јас имав 21 година. Се присетив на тоа и случајно ја пронајдов сликата што никогаш не беше објавена. За потсетување на еден голем уметник и на таков талент“, раскажа Јелена во емисијата „Ексклузив“.