Објавен трејлерот и датумот на премиера за скапата серија од НВО со „дрим тим“ актерска екипа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


НВО го објави трејлерот и датумот за лансирање на долгоочекуваната и скапа серија од нивната продукција, „Watchmen“.

Серијата се базира на истоимениот фален и популарен стрип, а ТВ адаптацијата е направена од Дејмон Линделоф, кој е најпознат по неговата работа на амбициозни серии како „Lost“ и „Leftovers“.

Дејството, наместо да се одвива во 1980-те како што е верно пренесено на филмот од 2009 година, Линедолф го смести во 2019 година.

Светот на новите watchmen во кој е сместено дејството не е оној кој го познаваме. Тоа е алтернативна верзија во која нема интернет, ни паметни телефони, а Роберт Редфорд е претседател од раните 1990-те години. Маскираните одметници се забранети, но групираните сили на белите супрематисти кои се нарекуваат The Seventh Cavalry и носат Роршахови маски, започнуваат војна против полицајците.

Во серијата глумат Џереми Ајронс, Дон Џонсон, Џин Смарт, Јахја Абдул-Матен II, Реџина Кинг и други. Саундтракот е дело на Трент Резнор и Атикус Рос.

Серијата ќе има 10 епизоди и почнува да се емитува на 20 октомври.