Објавен првиот сингл од постхумниот албум на трагично починатиот диџеј Авичи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На YouTube е објавен новиот сингл од починатиот шведски диџеј Авичи, „траката“ SOS од постхумниот албум кој официјално ќе биде објавен на 6 јуни, оваа година.

Песната беше објавена вчера, а веќе до денес, 11 април, има над 1 милион преслушувања. Видеото кое е направено за овој сингл содржи трогателни пораки кои фановите ги објавуваа на социјалните мрежи после веста за смртта на Авичи.

Во песната учествува и Алое Блак, човекот чиј вокал се појавува во најголемиот хит на Авичи, „Wake Me Up“.

„Откако Тим почина, обожавателите од сите страни на светот праќаа пораки на Avicii.com. Овој е нашиот начин на кој сакаме да им се заблагодариме за љубовта и поддршката“, стои во описот од видеото на YouTube каналот од Авичи.

На 20 април ќе биде одбележана првата годишнина од смртта на славниот диџеј, кој си го одзеде животот на одмор во Оман.