Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бакингемската палата објави оглас за перач на садови во кујна, огласот за тоа работно место е објавен оваа недела на сајтот Ројал Хаусолд, во кој пишува дека новиот член на посадата е потребен за да се обезбеди извонредна услуга и дека годишната заработка на оваа позиција изнесува околу 22.000 евра, дека се обезбедени оброци во палатата и 33 дена годишен одмор.
Во огласот се наведува дека искуството не е услов, но дека бараат тимски играч со иницијатива.
„Оддржување на кујната и хигиената ќе им овозможите на нашите кувари и асистенти се за да ги служат оброците во текот на денот. Повремено ќе бидете ангажиран како испомош за подготовка на храната“, пишува во огласот.
Некогашниот шеф на кујната, Дарен Мекгрејди, истакна дека британската палата е фантастично место за работа.
Готвењето во Бакингемската палата е неверојатно. Имав се што сакав. Имав храна со најдобат квалитет, најдобри состојки, неверојатен производ.
Мекгрејди сега има сопствена кетеринг компанија во Далас.