Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во интервјуто кое за ЕРТ го даде Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас вели: „Имавме информација од владата во Скопје дека на референдумот ќе излезат помеѓу 40% и 45%. Ние, пак, мислевме дека излезноста ќе биде 41 %. Се покажа дека одзивот беше понизок и од тоа”.
Ниската излезност Коѕијас ја објаснува со непрочистениот избирачки список, стар над 20 години. Вистинското гласачко тело е малку над еден милион граѓани, вели тој, посочувајќи дека над 300 000 илјади граѓани се отселени од земјата.
Според него, Иванов нема легитимитет да го оспорува догoворот од Преспа бидејки тој самиот е избран со 520 000 гласа, додека на референдумот гласале 100 000 граѓани повеќе.
Грчкиот шеф на дипломатијата смета дека и покрај тоа што е многу тешко да се обезбеди двотретинско мнозинство, уставните измени треба да се случат во Собранието на Р.М. Доколку пропадне процесот за имплементација на Договорот за промена на името, соседната земја ја очекува најлошиот пат, вели тој.
Запрашан за негово мислење околу улогата на Албанците на референдумот, тој вели:” Помалите албански партии, како што е партијата Беса, за кои турскиот печат вели дека се финансирани од Турција, повикаа на апстиненција на референдумот. Нашите граѓани би требале да се запрашаат дали ова коинцидира со политиката на најцрните сценарија на Турција”.
Што се однесува до грчкиот дел од обврските, Коѕијас вели дека догворот од Преспа мора да влезе во нивното собрание до март. Дециден е дека спогодбата ќе биде ратификувана во парламентот, а потоа ќе следат изборите.
Извор: Радар