Објаснување на Биткоинот како на мало дете


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Објасни ми го Биткоин-от како да сум петгодишно дете

– ако сеуште не можете да разберете што е Биткоин –

Прекрасен ден. Си седиме на клупа во парк. Имам едно јаболко. Ти го давам тебе. Сега ти имаш 1 јаболко, јас 0. Ова беше едноставно, така?

Да погледнеме што се случи:моето јаболко е физички кај тебе во раце. Ти знаеш дека го имаш. Јас сум тука; ти си тука. Го држиш јаболкото со свои раце. Не ни требаше трета страна да ни помогне да го направиме преносот. Не ни беше потребно ниту помош од Чичко Том да седи со нас и да ни потврди дека сум ти го дал јаболкото.

Јаболкото е твое! Јас не можам да ти дадам друго јаболко, бидејќи немам. Ниту го контролирам повеќе она кое ти го дадов. Јаболкото веќе не го поседувам. Ти имаш целосна контрола врз тоа јаболко. Ако сакаш, можеш да му го дадеш на пријател;тој  да го даде на баба му;итн. Вака изгледа едноставна размена во четири очи. Во суштина, исто е дали јас ќе ти  дадам банана, книга, или пак 10 денари. Но, да не брзаме.

Да се вратиме на јаболката!

Да речеме сега, јас имам едно дигитално јаболко. И, ти го давам на тебе ова дигитално јаболко. Аха! Сега работите стануваат поинтересни. Како знаеш дека токму моето дигитално јаболко, е сега твое, и, уште поважно, само твое? Размисли за момент.

Станува комплицирано, така? Како знаеш дека истото дигитално јаболко не го испратив и до Чичко Том? Или пак и до твојот пријател Јов? Или и до другарка ми Сања? Можеби направив илјадници копии од истото дигитално јаболко на мојот компјутер. Можеби го „закачив“ на Интернет и веќе 1 милион луѓе го имаат „симнато“.

Како што приметуваш,дигиталната размена е малку попроблематична. Преносот на дигитална јаболка не е идентичен како со преносот на физички јаболка.

Некој паметни компјутерџии всушност нудат решение за овој т.н. проблем на двојна потрошувачка. Но, не му ја мисли многу за ова. Се што треба да знаеш во оваа фаза е  дека овој проблем долго време ги збунуваше компјутерџиите и никогаш не успеа да го решат –до овој момент. Но, ајде прво да смислиме наше решение.

 БИЛАНСИ

Можеби овие дигитални јаболка треба да ги ставиме на биланс. Тоа е всушност обична книга каде што се водат сите трансакции –сметководствена книга. Оваа книга, бидејќи е дигитална, има потреба да живее во свој свет кој некој ќе го контролира. Да речеме, како во World of Warcraft. Blizzard, дечките кои ја имаат направено оваа онлјан игрица, имаат „дигитални биланси“ од сите ретки огнени мечеви кои постојат во нивниот систем. Така да, некој како нив треба да води сметка и за нашите дигитални јаболка. Одлично – го решивме проблемот!

ПРОБЛЕМИ СО РЕШЕНИЕТО

Сепак, имаме неколку проблеми:

1)Што ако некој кај Близардите го злоупотреби системот? Тој едноставно може да си додаде неколку дополнителни дигитални јаболки на своето конто кога и да посака!

2) Очигледно, не е баш исто како кога си седивме на клупа кога ти го дадов јаболкото. Тогаш бевме само јас и ти. Одејќи преку Близард е исто како да го вметнеш Чичко Том (трета страна) за сите наши трансакции кога седевме во парк. Тогаш, како можам да ти ги пренесам дигиталните јаболка само на тебе, на едноставен начин?

Постои ли начин кој ја заменува нашата клупа во паркот, и ја овозможува нашата дигитална трансакција во четири очи? Изгледа како да нема соодветно решение…

РЕШЕНИЕ

Што ако овие биланси ги дадеме …. на секого? Наместо да имаме еден чувар на сметководствените книги (како со Близардите), тие ќе „живеат“ во сечиј компјутер. Сите извршени трансакции на дигитални јаболка, во било кое време, ќе бидат зачувани – и сите ќе имаме пристап до овие информации.

Тешко да го измамиш овој систем. Јас не можам да ти пренесам дигитални јаболка кои не ги поседувам, бидејќи тогаш нема да има синхронизација во нашите системи. Плус, системот не е контролиран од една личност, со што знам дека не може било кој да си одлучи да си пренесе на себе повеќе дигитални јаболка. Контролите на системот се дефинирани уште од самиот почеток. И кодот и правилата се „open-source” – знаеш, нешто како Андроид софтверот што го користи брат ти на мобилниот. Или, како Википедија. Тука е за паметните луѓе да го подобрат, да го оддржуваат, обезбедат и константно да го проверуваат.

 МАЛКУ ГИ ПОЕДНОСТАВИВ РАБОТИТЕ

…но овој систем кој го објаснив постои. Се нарекува Биткоин протокол. И оние  дигитални јаболка се всушност „биткоини“ во самиот систем. Кул така?

Па, гледаш што се случи? Што ни овозможува јавната сметководствена книга?

1) Прво, истата е open source, ти текнува? Вкупниот број на јаболка се дефинирани во јавната сметководствена книга уште на самиот почеток. Јас знам колку е вкупниот број.Во самиот систем, јас знам дека истите се ограничени (ретки);

2) Кога правам размена, јас знам дека дигиталното јаболко потврдно го оттуѓувам и сега е целосно твое.Размената е верификувана и внесена во истиот момент во јавната книга;

3) Бидејќи сметководствената книга е јавна,јас немам потреба од Чичко Том (трета страна)за да обезбедам дека ти не ме измамуваш, или си си направил екстра копии од дигиталните јаболка, или си ги пратил истите на мене и некој трет, итн…

Во самиот систем, размената на дигиталните јаболка сега е суштински иста како размената на физички јаболка. Сега, сме сигурни во размената исто како гледаме дека  јаболкото ги напушта моите раце и завршува во твоите. И, исто како на клупата во паркот, размената вклучува само две страни. Јас и ти –немаме потреба од Чичко Том  да ни потврди дека сме направиле размена.

Сега можеме да тргува со 1.000 јаболка, или 1 милион јаболки, или пак .00001  јаболка. Со еден клик од дома можам да ти испратам дигитални пари во твојот  дигитален новчаник ако си во Никарагва а јас си седам на плажа во Охрид. Па,  дури можам и да закачам други дигитални работи врз дигиталните пари! Сепак, се се случува во дигиталниот свет. Може ќе ти испратам и порака со парите –или пак ќе ти зачакам нешто поважано, како договор, сертификат за акции или пак лична карта…

Зарем не е ова лудило? Како треба да ги гледаме или пак вреднуваме овие „дигитални јаболка“? Тие очигледно се корисни, нели? Па, веќе се води глобална дебата за ова прашање. Но, ова е приказна за друг пат. Најважно од се, пријателе, сега знаеш повеќе за Биткоин-от него повеќето.

Извор