Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
64-годишен скопјанец е осомничен за обид за убиство, откако во неделата избоде маж во гостилница во скопската населба Хиподром.
Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лицето Л.Ј. (64) постои основано сомнение дека сторило кривично дело – обид за убиство на 39-годишниот А.А. од Скопје.
Осомничениот на 24.02.2019 година со умисла се обидел да лиши од живот едно оштетено лице, така што додека седеле на различни маси во дворот на гостилница, без предупредување му пришол на оштетениот, извадил нож од џебот и замавнал. Притоа на оштетениот му нанел тешка телесна повреда – влезно убодна рана во пределот на абдоменот, оштетувајќи му неколку органи. По ова, реагирале други лица кои седеле на масата со оштетениот и осомничениот се оддалечил од местото.
Со оглед на тоа што надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети сите законски основи, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.