Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Кочани среде бел ден, наводно бил извршен обид за киднапирање на седумгодишно девојче кое е ќерка на пратеникот во македонското собрание од редовите на СДСМ, Сашко Костов.
Додека девојчето се враќало од училиште го пресретнало возило со странски регистарски таблички, а непознати лица му наредиле да влезе во автомобилот.
Во тој момент дедото на малолетното девојче ги забележал па тие побегнале. МВР го потврди инцидентот.
Приведени се две лица на возраст од 18 години кои со патничко возило „БМВ“ се движеле низ улиците по градот и вознемирувале граѓани. Лицата се приведени во полициска станица Кочани, а за случајот е известен јавен обвинител”, стои во соопштението на МВР.
Сепак, пратеникот Костов утрово изјави дека инцидент имало, но не бил таков како што било пренесено во медиумите.
Костов за Фактор рекол: „Сомнежи има, но органите си ја работат работата. Се надевам дека ќе завршат за два три дена, по што работите ќе бидат многу појасни“, одговара тој на прашањето дали се сомнева во некого.