Обид за киднапирање на дете на улица во Њујорк среде бел ден (снимка)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Маж се обидел да киднапира девојче среде бел ден на улиците на Бронкс во Њујорк, а овој шокантен настан беше снимен од една од блиските безбедносни камери.

Со девојчето (3) во моментот на киднапирањето била нејзината баба, која покрај со малото девојче, шетала со уште две внучиња.

Еден маж наметнат со ќебе им пришол и го зграбил детето со двете раце фрлајќи го ќебето врз девојчето. Бабата се стрчала по човекот, кој почнал да бега со девојчето во рацете. За среќа, случајни минувачи се вмешале и го спасиле девојчето.

Мажот првично побегнал, но Си-би-ес дознава дека полицијата подоцна го нашла како спие пред врата на компанија во близина и го препознала од снимката.

Обидот за киднапирање се случил во понеделникот околу 13:15 часот по локално време.

Кога бабата викајќи тргнала по мажот, другите две дечиња останале сами, изгледајќи потресено.

Човек кој работел на бензинската пумпа во близина соопшти дека чистел кога се случил инцидентот. Тој бил меѓу оние што реагирале и го спасиле малото девојче.

„Само што ја чистев улицата кога помина жената со три деца. Одеднаш им пријде маж, фрли ќебе над девојчето и избега со неа во рацете”, рече Фермин Брасеро (63).

„Потоа, неколкумина од нас се вклучија и киднаперот го ослободи детето. Да не бевме ние, кој знае што ќе се случеше. Лудо е. Едностаавно се појави“, додаде тој.

Сведок интервјуиран од Си-би-ес рече дека бабата, разбирливо, била во шок, но за среќа, полицијата кажала дека девојчето не било повредено.