Обична или електрична – која четка за заби е подобар избор?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако некои истражувања покажуваат дека луѓето кои се повешти во користење на електрични четкички можат да отстранат повеќе наслаги од тие кои користат рачни четкички, Томас Волф од Здружението на германските стоматолози смета дека разликата и не е толку голема за стоматолозите да препорачуваат електрични.

„Никој не може да ја движи раката 30.000 пати во минута, со брзина со која вибрира електричната четка за заби, но тоа не значи дека таквите четки секогаш се подобар избор од рачните” – истакна германскиот стоматолог.

Тој објаснува дека механичкото отстранување на забниот камен е најважно и додава дека се всушност се сведува на тоа колку некој добро ја користи својата четка за заби, независно од тоа дали е електрична или не е.

„Најважно е да се исчистат сите заби од сите страни, а може и подоцна со четка да се истрие јазикот неколку пати” – заклучува Волф.

Ефективната техника за четкање подразбира четкицата да се држи под агол од 45 степени, пола на забното месо, пола на забот и со кружни потези со мал притисок да се мие заб по заб.

Но, треба да се води сметка за тоа влакната на четката да се помеки и главата на четката доволно мала да се успее да се допре и до задните заби од внатрешната страна. Електричната четка се препорачува на сите пациенти кои немаат трпение за „долготрајно” четкање и на кои миењето на задните заби им е отежнато поради нивната оддалечена положба во устата. Предност на електричната четка е и „оралниот туш” со кој многу ефективно се чистат интерденталните простори, а маана и е високата цена.