Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Нивната свадба која е закажана за оваа година дефинитивно е најочекуваниот настан за медиумите, па веќе се коментираат и шпекулираат и деталите кои се поврзани со гламурозниот настан кој ќе се случи за нешто повеќе од четири месеци.
Свадбата за која зборува цел свет на принцот Хари и актерката Меган Маркл, која е закажана за 19 мај во дворецот Виндзор во Лондон, ќе чини половина милион фунти, пишува магазинот „Брајдс“.
На свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон на улиците излегоа 5.000 полицајци, па минимално толку се очекува и за оваа венчавка.
На венчавањето во црквата се очекуваат 600 гости, но на прославата ќе бидат само 300 затоа што младенците сакаат интимна свадба.
Порталот „Брајдс“ пишува дека свадбата ќе чини 500.000 фунти, додека Меган сама ќе си го плати фустанот, како што тоа го направи и Кејт Мидлтон во 2011 година.