Обезбедено 2/3 мнозинство во Собранието за уставните измени?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неофицијално, обезбедено е потребното 2/3 мнозинство за гласање на измените на уставните амандмани, пренесува телевизија „Телма“.

Со ова, се отвора патот за спроведување на Договорот од Преспа за промена на името, со цел Македонија да продолжи кон евро-атлантската интеграција. Во Собранието веќе се присутни најголем дел од пратениците од ВМРО ДПМНЕ, освен пратениците Васил Пишев, Никола Поповски, Никола Груевски и Крсто Мукоски, кој се уште е во притвор.

Во Собранието е и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Сашо Василевски, кој беше обвинет за настаните од 27-ми април, а во вторникот беше пуштен од куќен притвор, со гаранција од 400 илјади евра по изјавата на премиерот Зоран Заев дека нуди помирување за „крвавиот четврток“. Тој во изјава за Макфакс вели дека не знае дали ќе гласа за уставните измени.

Владејачкото мнозинство успеа да обезбеди доволна поддршка, откако по вчерашната собраниска расправа се чинеше дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто во своите ровови.

Ако расправата заврши денеска, се уште не се знае дали ќе се оди на гласање веднаш или тоа ќе биде дополнително закажано.