Обезбедени дополнителни 23 милиони денари за ваучери за туризам


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министерството за економија обезбеди дополнителни 23 милиони денари за ваучери за туризам од 12.000 денари за лица со ниски приходи кои аплицираа на јавниот повик.

Со ребалансот на Буџетот за 2021 година обезбедени се дополнителни средства за ваучери за туризам, со што над 3.500 граѓани со ниски приходи оваа година ќе може да летуваат во домашните туристички капацитети, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

„На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела. Ваучерите за туризам може да се користат најдоцна до 30 ноември 2021 година во домашните туристички капацитети кои што се пријавија на јавниот повик на Министерството за економија. Поддршката на туристичкиот сектор е наш приоритет“, напиша министерот Бектеши.