Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Обединетите нации го отстранија канабисот од листата на „опасни дроги“ (каде што се наоѓаат оние како хероинот и слични) и го преквалификуваа во средство за медицински цели на листата на „помалку опасни дроги“.
Ова го отвора патот за поголеми истражувања на медицинските својства на канабисот, како и неговата употреба во медицински цели.
Комисијата за наркотични дроги при ОН е со седиште во Виена и вклучува претставници на 53 земји. За носење на оваа одлука, Комисијата земала предвид серија од препораки од Светската здравствена организација.