Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лидерот на музичката група „Продиџи“, Кит Флинт, се обесил, потврдија резултатите од обдукцијата врз телото од популарниот музичар.
Флинт беше пронајден мртов во својот дом во Есекс на 4 март и истрагата утврдила дека нема сомнителни околности. Тој си го одзеде животот набргу откако групата се врати од турнејата во Австралија и беше планирано таа да продолжи наредниот месец во Колумбија, но сите закажани датуми во меѓувреме се откажани.
Флинт беше еден од основачите на „Продиџи“, која изврши огромно влијание врз електронската музика и во првите години настапуваше само како танчар, а групата се здоби со поширока популарност токму благодарение на неговиот енергичен вокал.
Кит со години се бореше со алкохолизмот, зависноста од дрога и деперсијата. Своевремено искрено призна дека тому сопругата Мајуми Каи го спасила од тој начин на живот. Тој и јапонската диџејка се разделиле пред неколку години.