Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пјер Емерик Обамејанг е еден од најдобрите напаѓачи во светот, тој на 108 бундеслигашки натпревари постигна 69 гола, па многу европски гиганти се интересираат за неговиот потпис.
Обамејанг призна дека му ветил на својот дедо пред смртта дека еден ден ќе заигра за Реал Мадрид, но тоа нема да се случи наскоро бидејќи Борусија Дортмунд не сака да ја продаде својата ѕвезда.
„Нормално е играч од негов калибар да сака да игра за Реал Мадрид. Обамејанг е еден од најдобрите во светот, но нашиот став е јасен. Не можеме без него да оствариме големи цели, тој ни е неоходен и не сакаме да го продадеме“, јасен беше тренерот на „милионерите“, Тухел.
Обамејанг вечерва со својата Борусија ќе гостува на „Сантиаго Бернабеу“, па пред натпреварот уште еднаш не пропушти прилика да напомене дека е голема навивач на Реал Мадрид.