Обамејанг го избра новиот клуб и ги ШОКИРА сите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Скаути на неколку европски клубови синоќа беа на „Сантиаго Бернабеу“ да го следат напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг.

Африканецот блескаше против Реал Мадрид и постигна два гола во поразот од 3:2 во ЛШ. Меѓутоа Обамејанг е во конфликт со раководството на „милионерите“ и сака да го напушти клубот уште во зимскиот преоден рок.

Иако многу европски гиганти се инетресираат за него, медиумите тврдат дека фаворит за потписот на Обамејанг е Евертон!

„Карамелите“ имаат големи проблеми во нападот после заминувањето на Лукаку и нема да штедат пари за да го донесат Африканецот.

Ниту еден од европските гиганти во моментов не е спремен да плати 70 милиони евра за напаѓач кој не може да настапува во Лигата на шампиони, па Евертон е спремен да ја искористи таквата ситуација.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Обамејанг е спремен да потпише за Евертон бидејќи по секоја цена сака да ја напушти Борусија Дортмунд.