Обама VS Трамп: Едниот смирен и елоквентен, другиот сензационалист и фалбаџија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Многумина кои изминативе денови гледаа и слушаа на кој начин американскиот претседател Доналд Трамп ја соопшти веста за убиството на лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади, веројатно се потсетија како тоа на времето го направи неговиот претходник, Барак Обама, кога го објави убиството на Осама бин Ладен во 2011 година.

Познатиот ТВ водител Џими Кимел направи споредбена компилација од исечоци од двата говори, која истовремено е и пресмешна, но и тажна.