Обама на приватна вечера со Меркел во Берлин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот претседател Барак Обама ја почна својата посета на Германија со приватна вечера со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, јавува Билд.

Белата куќа соопшти дека станува збор за „неформална и приватна“ вечера во хотелот во кој престојува Обама. На новинарите што го придружуваат американскиот претседател им е забранет пристапот.

Обама и Меркел утре ќе имаат официјална средба, по која ќе одржат конференција за новинарите.

Покрај средбата со германската канцеларка, за која Обама изјави дека е една од неговите најблиски партнерки во меѓународните односи, тој ќе се сретне со лидерите на други важни европски земји, како Британија и Франција.

Последната меѓународна турнеја на Обама завршува во Перу. Тој е претседател до 20 јануари 2017, кога ќе биде инаугуриран Доналд Трамп.