Advertisements
Актуелно

Обама ги предупредува Американците: Трамп е закана за демократијата и човековите права

Американскиот претседател во заминување Барак Обама побара од гласачите да ја поддржат Хилари Клинтон предупредувајќи дека на коцка е ставена судсбината на САД, но и на светот.

Судбината на републиката е во ваши раце. Судбната на светот е на нишалка и вие треба да одлучите да оди во вистински правец., рече Обама на собир во Северна Каролина, една од малкуте неодлучни федерални држави за чија поддршка се борат кандидатие последните денови пред изборите.

Како што рече Обама Трамп е закана за иднината на американската демократија и за стечените граѓански права.

Според него на изборите исто така се гласа за чесност, пристојност, правда, напредок и демократија.

Од собирот во Флорида, Трамп возврати дека Обама би требало да престане да лобира за Клинтон и да се фокусира на водење на земјата.

Никој не сака уште 4 години Обама, рече Трамп, додавајќи дека Клинтон овие денови не се чувствува баш добро во својата кожа.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top