О’Саливен го освои Мастерсот и испиша нова историа во снукерот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рони О’Саливен јa освои рекордната седма титула на Мастерсот во Лондон, откако во финалето го совлада Џо Пери со 10-7.Еден од најдобрите снукер играчи во историјата стана рекордер со освоените седум титули на мастерс турнирите.

Пери подобро го започна финалето имаше предност од 1-4, но потоа О’Саливен освои седум фрејмови во низа и поведе со 8-4. Пери успеа потоа да се доближ на 7-9, но О’Саливен во последниот фрејм кој донесе голема борба успеа да ги искористи грешките на ривалот и да стигне до рекордната седма титула.

„Џо требаше да ме победи, имав многу среќа. Вистинско олеснување е што успеав да го освојам трофејот“, изјави 41-годишниот О’Саливен.

Мастерсот е еден од трите најпрестижни турнири во снукер, останатите два се Светското првенство и Отвореното првенство на Велика Британија.

Покрај трофејот О’Саливен освои и парична награда во износ од 200.000 фунти, додека поразениот Пери освои 90.000 фунти.