О(не)свестете се: Порака на илјадници српски протестирачи од улиците


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неколку илјади млади луѓе, кои учествуваа во четвртите по ред протести Против демократијата во Белград, пред Парламентот на Србија изведоа перформанс при што седнаа на платото скокајќи потоа извикуваа О(не)свестете се.

Некои од нив извикуваа Готов е, Доле диктатурата, Не ја даваме Србија и слично.

Некаде по 21 часот протестантите се разидоа пеејки го Маршот на Дрина. Во меѓувреме кај Парламентот повторно беше поставен Ѕидот на плачот кој е ограден и го чува група млади како обезбедување.

Пред зградата на Српската радиотелевизија (РТС) протестантите изведоа една минута молчење како пародија на молчењето на националната телевизија за овие протести, додека пред Народната банка извикуваа Каде се нашите сендвичи.

Учесниците на протестот носеа притоа транспаренти на кои пишуваше Не сакаме да бидеме евтина работна сила, Ние сме српска слободарска младина, Протест против ненормалноста, Крадци, Вучиќ Шредеру и други пароли. Протестирачите бараат смена на Републичката изборна комисија поради непочитувањето на одлуката на Уставниот суд за одржување на избори на Косово и за нереагирањето на прекршоците во медиумите за време на кампањата.

Тие бараат и смена на спикерот на Парламентот, на раководството на РТС поради режимското известување и средување на избирачкиот список за да се утврди точниот број на гласачите, бидејќи се покажа дека на него има 800.000 повеќе гласачи од полнолетните жители во Србија. Протести се одржуваат и во повеќе други градови на Србија.