Home Шоубизнис НВО нарача продолжение на серијата „Game Of Thrones“ – објавени првите детали

НВО нарача продолжение на серијата „Game Of Thrones“ – објавени првите детали

НВО објави дека серијата „Game Of Thrones“ ќе добие свое продолжение чие дејство ќе биде сместено во дамнешното минато на Вестерос, илјадници години пред досега познатите настани од мегапопуларната серија.

Новиот серијал го креираа авторот Џорџ РР Мартин и сценаристката Џејн Голдман, а од НВО велат дека овој „спин-оф“ на серијата ќе се емитува дури после завршувањето на осмата сезона.

„Од ужасните тајни на историјата на Вестерос, до вистинското потекло на Белите одачи, мистеријата Исток и легендата за Старк…Тоа не е приказна која мислиме дека ја знаеме“, беше неодамна соопштено од НВО.

ВВС пренесува дека сценаристката Голдман воедно ќе има и функција на извршна продуцентка.

„Game Of Thrones“ е најпопуларната серија во продукција на НВО до денес. Добитник е на повеќе „Еми“ награди, а привлече десетици милиони гледачи и обожаватели ширум цел свет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…