Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Слабеењето и одржувањето на добра и нормална линија не значи прегладнување, радикална „цензура“ во менито, стигматизирање на некои однесувања и намирници. Напротив, многу повеќе значи комбинација од баланс во исхраната и здрави животни навики.
Нутриционистите советуваат како треба правилно да пристапите кон слабеењето и кажуваат на што не треба да верувате.
„Цензура“ во менито
Доколку си забраните да јадете од некое омилено јадење, вашата желба за истото, уште повеќе ќе се зголеми.
Па наместо тоа, кога ќе ви дојде „пица ден“, јадете пица, но наполнете ја со многу зеленчуци и обидете се оброкот да биде поздрав и да надоместите со други хранливи состојки во текот на денот.
Внимавајте на порциите
Ако некој ви кажал дека е добро да јадете овесна каша, тоа не значи дека треба да изедете 4 порции за да се најадете, бидејќи тоа може некогаш да биде полошо и од сендвич.
Квантитетот, квалитетот и порциите се многу важни, а сликата покажува колкава треба да биде порцијата во зависност од типот на храна.
За да го намалите гладот, послужете се со овошје или зеленчук, за потоа желбата за повеќе храна да не може да наштети на диетата.
Не си го скратувајте сонот
Не си ги скратувајте драгоцените часови сон, кои се многу значајни за хормоните кои се исто така поврзани со слабеењето. Не се хранете за да изгледате, туку за да се чувствувате добро
Добрата исхрана го менува вашиот животен стил целосно, а не само вашиот изглед.
Треба да бидете свесни за тоа и прво целта да ви биде да го подобрите здравјето и да се чувствувате подобро одвнатре, а потоа и однадвор.
Затоа, не се изгладнувајте и не се мачете психички само за да постигнете надворешен резултат, туку посветете се целосно на менување на начинот на живот.
Не ја следете толпата, одберете ја правилно диетата
Има многу диети кои се популарни кај повеќето, но тоа не значи дека ако вам не ви одговара начинот на исхрана, треба и вие да ја практикувате како сите останати.
Одберете која диета најмногу ви одговара од повеќе аспекти и водете се по таа.
Брзото слабеење не е губење сало
Брзото слабеење така што ќе си скратите многу работи од исхраната и ќе намалите 10kg за 2 недели, всушност не е воопшто здраво, а е заради испуштањето течности и намалувањето мускулна маса.
Потребна ви е диета со која подолго време ќе учите како правилно да се храните и тоа ќе ви стане начин на живот, со цел да не ги вратите подоцна килограмите уште побрзо.