Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров ѝ го донесе златниот медал на Македонија од Медитеранските игри кои се одржуваат во Оран, Алжир.
Нуров во финалето во категоријата до 97 килограми, го победи Фејзула Актурк од Турција со 4-3 благодарение на одличен финиш во борбата.
Турчинот имаше водство од 3-0, но Нуров успеа на двапати да освои по два поени, да направи пресврт и да дојде до победа која му го донесе златниот медал.
Медал за Македонија донесе и Владимир Егоров кој освои бронза откако со 7-2 во репесажот го победи домашниот борач, Кербаче.