Славни

Нурмагомедов на прием кај Путин: „Ако треба, сите ќе ја прескокнеме оградата“

ММА шампионот Кабиб Нурмагомедов вчера беше на прием кај рускиот претседател Владимир Путин.

Дагестанскиот борач ја одбрани светската титула во лесна категорија во ултимејт фајт во саботата. Путин рече дека провокациите од противниците го натерале Нурмагомедов да ја прескокне оградата и да се тепа со членовите на тимот на Мекгрегор. Уште двајца членови на рускиот тим ја прескокнаа оградата и се степаа со Ирецот.

Нурмагомедов, кој во Русија беше пречекан како херој, му рекол на Путин дека му е жал што ја изгубил самоконтролата, но се налутил кога слушнал дека од тимот на Мекгрегор го навредувале неговиот татко и неговата земја.

Путин на тоа се пошегува дека ќе му каже на татко му да не го казни премногу .

„Не само ти, сите ние можеме да ја прескокнеме оградата доколку не нападнат“, рекол Путин.

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top