Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Руското министерство за одбрана денес изјави дека е пронајдена еи втората црна кутија од рускиот воен авион кој се урна во неделата утрото во Црното Море.
Втората црна кутија од авионот тупољев Ту-154 е најдена и извадена утринава, објави во соопштение руската војска.Наоѓањето на кутијата ќе овозможи да се утврди причината за несреќата во која загинаа 92 луѓе.
Досега се пронајдени 15 тела и над 200 посмртни остатоци од жртвите. Речиси сите се префрлени во Москва за идентификација. Првата црна кутија беше најдена вчера наутро во задоволувачка одржана состојба.
Експертите кои работат на расветлување на несреќата претходно кажаа дека грешка на пилотот и технички дефект се најверојатните причини за уривањето на авионот.