Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според шведскиот новинар Виктор Нумелин, македонскиот премиер Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас се едни од посериозните кандидати за Нобеловата награда за мир.
Ова за грчката агенција АНА-МПА го изјави Виктор Нумелин, специјален уредник за Нобеловите награди на шведската новинска агенција ТТ.
„Тешко е да се каже кој е кандидат, а кој не е. Јавна тајна е дека имињата им се споменуваат за наградата. Секоја година се прават многу предлози и дискусии за наградата… Оваа година зборуваме многу за Корејскиот полуостров, за миграцијата, за ситуацијата меѓу Македонија и Грција и нивните меѓусебни преговори“, изјави шведскиот новинар.
Тој нагласува дека многумина од членовите на Комисијата ќе сметаат дека „е идеално наградата за мир да биде дадена на премиерите на двете држави“.
„Би било идеално наградата за мир да им биде дадена на двајцата премиери од двете држави или на некој друг кој учествувал во преговорите“, изјави Нумелин.
Тој, сепак, тврди дека нискиот одѕив на референдумот во Македонија ги прави работите потешки, иако ништо не е исклучено.