Њујоршкиот крал на недвижнините направи свадба од 25 милиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џеф Сатон е сопственик на имот вреден 3,6 милијарди долари, со што е рангиран како 522-от најбогат човек на планетата, а за свадбата на својата ќерка потрошил 25 милиони долари.

На свадбата, која засега важи за една од најскапите на сите времиња, имало 400 гости, била организирана на Јадранското Море во јужна Италија. Неговата ќерка Рене изгледала прекрасно во убавата венчаница.

Таткото со својата ќерка на веселбата пристигнал со пајтон, а церемонијата била организирана на платформа направена на карпа во италијанскиот регион Апулија во ресортот Монополи.

Гостите на свадбата пристигнале со чартер лет, на што домаќинот Сатон потрошил околу пет милиони долари. Од друга страна, локалните жители церемонијата можеле да ја гледаат само од далеку. Само авионските карти за гостите чинеле пет милиони долари.

Се шпекулира дека за свадбата биле ангажирани Мадона и Лејди Гага, но се открило дека не било така. Но затоа е сигурно дека од Холандија биле увезени осум тони цвеќе, а 400 гости престојувале во одмаралиште со пет ѕвезди, каде ноќевање чини 500 долари.

Оваа спектакуларна свадба била завршена со величенствен огномет, а потоа гостите се вратиле во Њујорк