Њујорк во масовна гробница кај Бронкс ги погребува починатите од коронавирус


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Официјалните статистички бројки на починати и заразени од коронавирус во САД достигнува црни рекордни биланси. Најпогоден од епидемијата е градот Њујорк.

Властите во Њујорк ископаа масовна гробница за починатите од коронавирус. Дрон снимил работници од комуналните претпријатија како погребуваат тела на починати во масовна гробница на островот Харт, до брегот на Бронкс.

Синоќа во гробницата биле погребани 40 луѓе, нивните мртви тела биле ставени во дрвени сандаци на кои ги пишувало нивните имиња. Погребот бил направен без роднините, последен поздрав и простување.

Инаку островот Харт во близина на Бронкс повеќе од еден век се користи како гробишта за починатите без познати роднини, кои не можеле да платат за погреб, жртвите од СИДА, мртвородените бебиња.Тоа е едно од најголемите јавни гробишта во САД, поради што Харт уште го викаат и „Островот на смртта“.

Државата Њујорк во моментов има најголем број на заразени со коронавирус од било која друга земја надвор од САД, пренесе ББЦ. Во државата Њујорк се потврдени 159 937 случаи на заразени со Ковид -19, што е многу поголема бројка од заразените во Шпанија и Италија.