Њујорк Тајмс тврди: Србија и Косово склучиле таен договор зад грбот на Европа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Александар Вучиќ и Хашим Тачи склучиле таен договор во име на Србија и Косово, зад грбот на ЕУ, со посредување на специјалниот претставник на Белата куќа Ричард Гренел, тврди престижниот американски весник Њујорк Тајмс, повикувајќи се на американски функционери, пренесува Мкд.мк.

Во анализата на односите меѓу Белград и Приштина и улогата на Гренел во преговорите меѓу двете страни, американскиот весник, меѓу другото, наведува дека состанокот на Вучиќ и Тачи во Белата куќа во Вашингтон, најавен за следната недела, бил исто така договорен без знаење на Брисел.

Поддржувачите на пристапот на Гренел во преговорите на Србија и Косово сметаат дека тајниот договор на Тачи и Вучиќ ја оправдува новата американска стратегија, наведува њујоршкиот весник.

„Иако нивните функции се само номинални, двајцата претседатели имаат влијание кое далеку ги надминува нивните уставни овластувања“, пишува Њујорк тајмс.

Во договорот се спомнува менување на границите

Повикувајќи се на изјави на четворица поранешни американски функционери кои цитирале лица вклучени во преговорите, Њујорк тајмс пишува дека Вучиќ и Тачи направиле таен договор за условите на идниот договор, вклучувајќи ја и идејата за менување на границите на Косово.

Преворите сопреле кога тогашниот премиер на Косово кажа дека тој има уставни овластувања да ја одредува политиката на преговорите, а не Тачи.

Гренел тогаш јавно зборуваше против Курти, плашејќи се дека би можел да ги расипе плановите на Вучиќ и Тачи, кажал Џејмс Хупер, еден од четворицата американски службеници на кои весникот се повикува.

Њујорк тајмс во текстот за Вучиќ зборува како сојузник на Русија, од кој Гренел не барал ништо посебно, додека засилен притисок бил извршен врз Приштина.

„Заборавивме кој е нашиот клиент“

„Заборавивме кој е нашиот клиент. Тоа не е Србија, туку Косово, државата што ја создадовме, водевме и штитевме“, кажал Дејвид Филипс, експерт за Балканот и некогашен советник за Косово во Стејт департментот.

За да го присили Косово да се откаже од царините на српската стока, Гренел се закани со повлекување на американската поддршка на Косово. Во март Америка ја замрзна помошта на Приштина вредна 50 милиони долари. Истата недела истакнати републиканци предлагаа повлекување на американските трупи од Косово.

„Косово никогаш не видело дипломат како Гренел. Тој повеќе има стил на насилник отколку на дипломат“, вели Брикена Хоџа, директорка на Косовската иницијатива за стабилност.

Весникот понатаму наведува дека критичарите на претстојниот состанок во Белата куќа сметаат дека на тој начин се наградуваат двајцата лидери кои се обвинети за слабеење на демократските институции во своите држави и дека таквата стратегија едноставно не може да функционира.

Њујорк тајмс истакнува дека Трамповата администрација ја напуштила претходната американска политика кон Косово и пред Гренел да стапи на должност. Во летото 2018, американски функционери изразија отвореност кон нови решенија за конфликтот на Србија и Косово, вклучувајќи промена на границите.

Тоа доведе до несогласувања со Европската Унија, кои само ескалираа кога за посредник беше именуван Ричард Гренел. Тој преговорите ги грабна од ЕУ и организираше самити и конференции без какво било учество на Унијата.

„Вистината за трите договори“

На почетокот на годината Гренел издејствува три мини-договори кои ги прогласи за пресврт во односите на Белград и Приштина, а кои се однесуваат на повторно воспоставување на сообраќајните врски.

„Во реалност, меѓутоа, тие две држави, според документите во кои имаше увид Њујорк тајмс, потпишале одвоен документи со различни формулации“, се наведува во анализата.

Во текстот пишува дека овие договори не биле официјални, туку дека повеќе станувало збор за писма за намера кои ги потпишаа функционери на пониско ниво.

Освен тоа, тие практично претставуваа копии на веќе постоечки договори на чие потпишување веќе посредуваше ЕУ, пишува Њујорк тајмс.