Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ откри за кога е закажан почетокот на одложените Летни Олимписки игри во Токио.
Почетокот на Игрите би требало да биде закажан за 23 јули во 2021 година.
Тоа е истиот термин кога и годинава требаа да бидат отворени Олимписките игри , со тоа што сега денот е поместен за точно една година поради пандемијата од коронавирусот.
„Тој датум е погоден за сите спортисти и се чини дека е единствениот веродостоен“, пишува „Њујорк Тајмс“.
Сепак конечната одлука за стартот на одложените Олимписки игри во Токио ќе биде познат он крајот на следната недела.