Home Актуелно Нухиу од понеделник се враќа на чело на МВР

Нухиу од понеделник се враќа на чело на МВР

Актуелниот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, на функција на чело на МВР останува уште оваа недела, кога ДИК се очекува да ги соопшти конечните резултати од предвремените парламентарни избори. До изборот на новата влада, Министерството ќе го води Агим Нихуи, кој беше заменик на Оливер Спасовски. Нухиу раководеше со МВР и по парламентарните избори во 2016 година.

И Славјанка Петровска си оди од местото дополнителен заменик министер.

Исто така, од функција заминуваат и заменските кадри од ВМРО-ДПМНЕ од министерствата за земјоделство, за информатичко општество и администрација и за финансии. Министрите Димковски и Манчевски ќе продолжат да ги водат ресорите. Манчевски ќе биде истовремено и пратеник, додека не се избере новата Влада.

Оливер Спасовски ќе остане технички премиер, а и тој ќе биде и пратеник, со право на глас кога ќе се избира новиот Парламент и новата Влада.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…