Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џејмс Хауелс, софтверски инженер, се откажал од „рударење на биткоини“ уште во 2009 година, бидејќи неговата девојка тогаш му се пожалила дека „сето тоа е измама“, а тој го зачувал тој хард диск што завршил на депонија четири години подоцна.
Уште во 2014 година, тој за првпат ја контактирал градската администрација во Њупорт, каде што живее, со цел да му помогне да го најде хард дискот, ветувајќи процент на биткоини на пронаоѓачите. Сепак, тогаш бил одбиен, а сега им испрати нова понуда – награда од 70 милиони долари, пренесува порталот AltRamp.
Таа година, кога го фрлил „фамозниот“ хард диск, градската депонија била полна, па ѓубрето било закопувано на други локации. Ако имал сериски број на локацијата и пристап до извештајот, тој би можел да оди точно на местото каде што е „закопано“ неговото богатство. Видеото е од тоа време.
Неговото барање, и покрај сè, останало неиспитано. Трошоците и ризиците од ископувањето се едноставно превисоки, му рекле од градската администрација, а штетата врз животната средина од таквиот потфат би била голема.