Новото засилување на Мурињо не смее да ја напушти Франција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е на чекор да донесе уште едно засилување, вкупно четврто ова лето. Според медиумите „црвените ѓаволи“ ги договориле сите детали за трансфер на десниот бек на ПСЖ, Серж Орие.

Орие веќе има договор со Манчестер Јунајтед, каде треба да потпише 5-годишен договор според кој ќе заработува 5 милиони евра по сезона.

Со доаѓањето на Дани Алвеш во ПСЖ, Орие го загуби местото во стартниот тим, а Мурињо беше во потрага по десен бек и во него гледа идеално засилување.

Сепак, самиот трансфер од ПСЖ во Јунајтед е под знак прашалник со оглед на фактот дека Орие во Франција има големо проблеми со законот.

За шест дена мора да оди на суд кој ќе одлучи дали може да ја напушти земјата, бидејќи минатата година беше обвинет за напад на полицаец.

Во ноември месец минатата година не му беше дозволен влез во Англија, кога ПСЖ играше против Арсенал во Лигата на шампиони.

Доколку сослушувањето на суд помине како што треба, тогаш Јунајтед за него ќе плати 25 милиони евра.