Новото реално шоу ја прескокнува предиграта – се слекуваат и одма в кревет


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Австралија ќе започне да се емитува ново реално шоу за спојување на партнери, но за разлика од досега „стандардната“ формула според која лицата кои никогаш претходно не се виделе во животот одговараат на прашања за да се запознаат, овој пат тие запознавањето ќе го направат директно в кревет.

Новото реално шоу се вика „Разделени“, а концептот е следен – самците и слободните девојки за прв пат ќе се сретнат во студио, меѓусебно ќе се раслечат и ќе завршат одма в кревет.

Раслекувањето ќе биде до најдолниот слој на интимна облека, а во кревет ќе поминат триесет минути одговарајќи на прашања кои ќе се појавуваат на екранот. Прашањата ќе бидат од типот: „Како се бакнуваш?“, „Во што си најстраствен/а?“, „Какво ти било детството?“ и слично.

За да го скршат мразот, на паровите ќе им бидат зададени и разни активности, како тепачка со перници или масажа. После половина час поминат во кревет, парот ќе се одлучи дали сакаат да останат заедно.

Еве ја и видео најавата за ова шоу.